
Бутел Скопје го објави составот за сезоната 2025/2026 (ФОТО)
Екипата на Бутел Скопје на социјалните мрежи го објави составот на клубот за новата сезона 2025/2026.

Екипата на Бутел Скопје на социјалните мрежи го објави составот на клубот за новата сезона 2025/2026.

Екипата на Бутел Скопје, која има високи амбиции за новата сезона во Супер лигата ги промовираше петте засилувања.

Тимот на Бутел Скопје во новата сезона ќе биде посилен за грузискиот репрезентативец Давид Гришикашвили. Станува збор за млад лев бек, роден 2007 година, за кој настапите во Бутел Скопје и во македонското првенство ќе бидат првите на интернационалната сцена.