Ростов Дон е шампион на Русија во женска конкуренција

Ростов Дон е нов шампион на Русија. На првиот натпревар во финалната серија во руското првенство Ростов Дон против ЦСКА победи со пет гола разлика 27-22, додека на вториот натпревар Ростов Дон загуби со минимални 29-28 и стана шампион на Русија.