ЗНМ: Срамна реакција на навивачите на Еурофарм Пелистер кон новинарите

На иницијатива на Секцијата на спортски новинари која е дел од Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колега коментатор од Македонската Телевизија.