Марко Мишевски: Одиме на победа против Охрид без разлика на каков меч играме

По една седмина пауза од домашен ракомет поради ЕХФ репрезентативната недела, ракометарите на Вардар повторно се враќаат кон своите обврски. Почнува одбраната на Купот што лани го освоија „црвено-црните“.

Крсте Андоновски: Се надевам дека достојно ќе се претставиме во Купот

Претстојниот викенд се играат четвртфиналните средби од Купот на Македонија. Во рамки на групата 1, Охрид во Скопје се среќава со Вардар. Победникот ќе вкрсти со подобриот од дуелот помеѓу Јуниор Кисела Вода и Скопје 2020.