Извлечени натпреварувачките броеви за младинска, кадетска и пионерска машка лига за натпреварувачка сезона 2023/24

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) се одржа извлекување на натпреварувачките броеви на клубовите учесници во младинска, кадетска и пионерска машка лига за натпреварувачка сезона 2023/24.

РФМ ги исплати наградите на сениорите и кадетите

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (01.09.2024 г.) Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот на MEN'S EHF EURO 2024 во Германија, како и наградата во износ од 1.000.000,00 денари за кадетската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship.