
Косуке Јасухира ќе заигра за Ал Кадсија
Ракометарот на Вардар 1961 и репрезентативецот на Јапонија, ќе настапува за екипата на Ал Кадсија од Кувајт краток период.
Ракометарот на Вардар 1961 и репрезентативецот на Јапонија, ќе настапува за екипата на Ал Кадсија од Кувајт краток период.
Екипата на Вардар 1961 е нов освојувач на турнирот во Струга, откако во финалето ја совлада екипата на Алкалоид со 25-20.
По една седмица тренирање со екипата Јапонецот Косуке Јасухира (23) го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности, и средниот бек Јасухира следната сезона ќе игра во дресот на Вардар 1961.
Екипата на Вардар 1961, пополека почнува да го креира составот на тимот за следната сезона, каде се очекува освен во македонското првенство, тимот да настапи и во квалификациите за Лигата на Европа.