Ларс Коиј потпиша за Вардар 1961

Во следната сезона дел од екипата на Вардар 1961 ќе биде холандскиот репрезентативец Ларс Коиј. Тој игра на позицијата пивотмен, и ќе остане во Скопје најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Тој е првиот Холанѓанец што потпишува за Вардар 1961, и воопшто прв играч што доаѓа во Македонија од оваа земја.