Лига на шампиони: Познати осминафиналните парови

Заврши групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Екипата на Вардар 1961 за противник во осминафиналето го доби тимот на Веспрем, ако го мине Веспрем, македонскиот тим би играл со Алборг.

Алборг го совлада Загреб, Киелце подобар од Динамо Букурешт

Ракометарите на Алборг забележаа победа против екипата на ППД Загреб со 31-25 во натпревар од Лигата на шампионите. Најефикасен во Алборг беше Феликс Клар со седум гола, додека кај ППД Загреб најефикасен беше Иван Чупиќ со 11 погодоци.

ЕХФ реши: Службена победа за Вардар против Мешков Брест

Извршниот комитет на ЕХФ реши неодиграниот меч од лигата на шампионите меѓу Мешков и Вардар да го регистрира со службен резултат 10-0 за Вардар, исто така и мечот помеѓу Кил и Мешков Брест е регистриран со 10-0 за екипата на Кил.