Лука Иваниќ ги засили редовите на Бутел Скопје

Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Лука Иваниќ е нов ракометар на Бутел Скопје, откако се обврза на едногодишна верност со клубот, со можност договорот да биде продолжен за уште една сезона ако двете страни се задоволни од соработката.