
Средба помеѓу РФМ и претставници од ИХФ за Мундијалот
Во рамки на Светското првенство за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје во период од 30 јули до 10 август, во хотелот „Хилтон“ вчера (28.07.2022) се одржа средба помеѓу раководството на Ракометната федерација на Македонија и ИХФ номинираните лица.