Под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“ стартуваа подготовките за второто издание на ракометниот камп „40х20“

По успешно организираното прво издание на ракометниот камп „40х20“, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“, Агенцијата КМГ Спорт, како организатор на истиот, го најавува вториот издание, кое од 02 – 07 Јули ќе се одржи во комплексот на Хотел „Аквалина“ во Охрид.

Охрид ги започна подготовките за вториот дел од сезоната

Со технички состанок и прв тренинг, Градскиот ракометен клуб Охрид, вчера (09.01.2023година), во салата „Билјанини извори“ ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Супер лигата, во која „гладијаторите“ ќе играат во плеј-офот.