Охрид го совлада Еурофарм Пелистер и го освои турнирот “Крсте Андоновски”

Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер со 31:26 во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, што се одигра вечерва во прекрасен амбиент во исполнетата спортска сала „Билјанини Извори“.