Борко Ристовски ги прими младинците на Македонија

Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на овогодинешното Европско првенство 2024 година го заврши со пласман на 9 место, по пристигнувањето во Скопје се сретна со Министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.

МРК Куманово на прием кај градоначалникот на Општина Куманово

По огромниот успех и освоеното второ место во плеј-аутот од Супер лигата и изборувањето на опстанок, управата на Куманово беше на прием кај градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

МВП на турнирот во Гостивар, Анастасија Тодоровска, најдобар голман Деспина Пајкаровска, додека најдобар стрелец Мила Николовска од Јехона

Екипата на Пелистер го освои турнирот во Гостивар, откако славеше против Јехона со 27-26, додека третото место го освои Феризај, кој триумфираше против Деспина со 22-21.