Реми помеѓу Вардар и Чаир
Во драматичен натпревар до последна секунда, Вардар и Чаир ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 29:29, во рамките на првото коло во женската Супер лига.
Во драматичен натпревар до последна секунда, Вардар и Чаир ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 29:29, во рамките на првото коло во женската Супер лига.

Екипата на Металург Автокоманда, која е нова во Женската Супер лига сезоната ја започна со победа против Спартак од 31-23.

Ракометарите на Голден Арт забележаа победа на гостувањето кај екипата на Вардар Неготино со резултат 26-24.

Екипата на Струга забележа победа на домашен терен против составот на Куманово со конечни 30-26.

Екипата на Тиквеш забележа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Аеродром со конечни 39-29.

Се комплетираше 1. коло од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Веспрем триумфираше кај Магдебург со 33-28.