
Аргентина убедлива против Кина, Бразил подобар од Парагвај
Аргентина убедливо ја совлада Кина со 36-24. Селекцијата на Бразил беше подобра од Парагвај со 33-19.

Аргентина убедливо ја совлада Кина со 36-24. Селекцијата на Бразил беше подобра од Парагвај со 33-19.

Русија славеше во дербито против Полска со 26-23. Најефикасна во Русија беше Екатерина Илина со осум погодоци, додека кај Полска најефикасна беше Александра Росијак исто така со осум погодоци.

Репрезентацијата на Хрватска го совлада Парагвај со убедливи 38-16. Најефикасна во Хрватска беше Блажевиќ со шест погодоци, додека кај Парагвај најефикасна беше Акуња со пет погодоци.

Убедлива победа извојува и Холандија против Порто Рико со 55-15. Најефикасна во Холандија беше Кели Волебрегт со осум погодоци.

Деновиве се одигра второто коло во кадетската лига во женска конкуренција.

Екипата на ПСЖ триумфираше на домашен терен против составот на Киелце со 32-27. Најефикасен во ПСЖ беше Хансен со седум погодоци, додека кај Киелце најефикасен беше Сичко со пет погодоци.