
Металопластика го освои Купот во Србија
Екипата на Металопластика го освои Купот во Србија, откако во финалето на продолженија ја совладаа екипата на Војводина 29-28 (25-25).

Екипата на Металопластика го освои Купот во Србија, откако во финалето на продолженија ја совладаа екипата на Војводина 29-28 (25-25).

Екипата на Нант ја совлада екипата на Шартр со 40-36 (19-21) во 21. коло од првенството во Франција. Нашиот Кире Лазаров беше одличен со пет погодоци на овој натпревар.

Екипата на Тор Акурејри од Исланд каде тренер е Стевче Алушовски и каде настапува Томислав Јагуриновски забележа победа на гостувањето кај екипата на Кодренгир со убедливи 21-32.

Екипата на Амичитија Цирих каде што настапува Мартин Поповски обезбеди финале во Купот на Швајцарија, откако во полуфиналето ја совладаа екипата на Берн со 26-23.

Екипата на Коњалти славеше против Јенимахал со 35-25 и се позиционираше на третото место на табелата во шампионатот во Турција во женска конкуренција и ги зголеми шансите за освојување на титулата.

Четири репрезентации се натпреваруваат на турнирот на Златната лига. Во првиот натпреварувачки ден Данска ја совлада Норвешка убедливо со 37-21.