Васил Гогов во Вардар 1961 до 2026 година

Голманот Васил Гогов уште две сезони ќе биде меѓу стативите, и ќе го носи дресот на Рк Вардар 1961. Тој го продолжи договорот со клубот до јуни 2026 година. Гогов од 2019 година е дел од Вардар 1961, и секоја сезона се повеќе напредува и се наметнува со својот квалитет, а менаџментот на клубот верува дека тој ќе биде „фактор Х“ во иднина и уште повеќе ќе се докаже со своите настапи.

Сменети термините за натпреварите во Купот на Македонија во машка конкуренција

Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставените дописи од страна на Вардар 1961 и Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на Еурофарм Пелистер.