Пуштени се во продажба билетите за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Супер лигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.