
Вардар го совлада тимот на Бутел Скопје
Ракометарите на Вардар 1961 славеа против екипата на Бутел Скопје со убедливи 23-33 во плеј-офот во Супер лигата.

Ракометарите на Вардар 1961 славеа против екипата на Бутел Скопје со убедливи 23-33 во плеј-офот во Супер лигата.

Екипата на Вардар 1961 за следната сезона се засили со португалецот Жилберто Дуарте кој доаѓа од Монпелје и настапува на позицијата лев бек.

Сезоната за хрватскиот репрезентативец Анте Гаџа е завршена.

Црногорскиот репрезентативец Божо Анџелиќ кој има 30 години е новото засилување за Вардар 1961 во следната сезона. Тој игра на позиција на среден бек и во Вардар 1961 доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година.

Филип Талески одигра најдобар турнир и беше МВП на турнирот во Купот на Македонија. Во финалето во последните секунди го постигна голот вреден за титула против Еурофарм Пелистер (23-22).

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа тимот на Еурофарм Пелистер со минимални 23-22 и го освоија Купот на Македонија.