Усама Хосни се врати во Еурофарм Пелистер

По само една сезона пауза, тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. 31-годишниот десен бек потпиша договор на една сезона и наскоро се очекува да пристигне во Битола.