Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2023/2024

Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2023/24.

Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со Нејц Цехте

Како дел од стабилизација на проектот и конструирање на тимот за иднина, Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. Десниот бек се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија.

Еурофарм Пелистер се засили со пикерот Кајо Цикатиќ

Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека потпиша двегодишен договор со хрватскиот кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ. Овој 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми, доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.