Цела сала распродадена за мечот Еурофарм Пелистер и Нексе во Битола

Еурофарм Пелистер и Нексе ќе го одиграат реваншот во осминафиналето во Лигата на Европа. Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Нексе со 29-26, но во реваншот ќе биде жешко затоа што од клубот најавија дека цела сала "Боро Чурлевски" во Битола е распродадена и повеќе нема билети за натпреварот.