Познати учесниците на “Ѓорче Петров Куп 2024”

Тимот на Ѓорче Петров е организатор на четвртиот меѓународен турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2024“, кој ќе се одржи четири дена започнувајќи од 29. август до 1. септември во спортската сала ,,Христо Батанџиев”.

Потпишан нов договор за платформата за ракометна Битола!

Ракометна Битола е обединета и така ќе чекори и во иднина. По денешната одлука на советот на Општина Битола, со која беше изгласано продолжувањето на „Платформата за ракометна Битола“, вечерва беше потпишан договорот меѓу двата акционери, компанијата Еурофарм и Општина Битола.

РФМ закажа Собрание

Врз основа на член 23, а во согласност со член 28, 30, 32, 34 и 35 од Статутот на РФМ, Управниот одбор на ден 16.08.2024 година, донесе Одлука за одржување на Редовно Собрание на Ракометна Федерација на Македонија.