
Живко Мукаетов и РФМ им посакаа среќен почеток на сениорките пред Европското Првенство
Раководството на Ракометната федерација на Македонија, имаше средба со сениорките и со стручниот штаб, во пресрет на почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица, од 4 - 20 ноември годинава.