
Ѓорче Петров е шампион во Женската Супер лига
Ракометарките на Ѓорче Петров се шампиони во Женската Супер лига, откако им беше доделен пехарот и медалите од страна на РФМ на натпреварот против Астибо.

Ракометарките на Ѓорче Петров се шампиони во Женската Супер лига, откако им беше доделен пехарот и медалите од страна на РФМ на натпреварот против Астибо.

Екипата на Вардар е шампион во младинската лига во женска конкуренција, иако загуби од Ѓорче Петров со 31-27, но поради победата од првиот дел од сезоната тимот на "црвено-црните" стана шампион.

ЖРК Ѓорче Петров е организатор на третиот меѓународен турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2023“, кој ќе се одржи од 24-ти до 27-ми август на отвореното игралиште покрај „Камин Кама”, како и во спортската сала “Христо Батанџиев” во утринските часови.