Претседателот на РФМ и министерот Борко Ристовски во посета на тренингот на сениорската женска репрезентација (ФОТО)

Во пресрет на Европско првенство 2024 година раководството на Ракометната Федерација на Македонија, претседателот на РФМ Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги посетија репрезентативките на вчерашниот тренинг каде ги поздравија и им посакаа успешен настап на континенталниот собир.

Потпишан нов договор за платформата за ракометна Битола!

Ракометна Битола е обединета и така ќе чекори и во иднина. По денешната одлука на советот на Општина Битола, со која беше изгласано продолжувањето на „Платформата за ракометна Битола“, вечерва беше потпишан договорот меѓу двата акционери, компанијата Еурофарм и Општина Битола.