Се одржа јавна трибина организирана од Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Под мотото „Нашиот клуб, нашата гордост, предизвици и можности“, во топлиот амбиент на „Кино Манаки“ во Битола се одржа јавна трибина како дел од прославата на 70-от роденден на РК Пелистер. Трибината ја отвори хроничарот на градот Димче Миновски, кој говореше за почетооците, кои датираат од 1924 година, а организирано од 1955 година.

Репрезентативците на Македонија од Еурофарм Пелистер на прием кај градоначалникот на Општина Битола (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, организираше прием на ракометарите од Еурофарм Пелистер, кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет, кое се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка.

Потпишан нов договор за платформата за ракометна Битола!

Ракометна Битола е обединета и така ќе чекори и во иднина. По денешната одлука на советот на Општина Битола, со која беше изгласано продолжувањето на „Платформата за ракометна Битола“, вечерва беше потпишан договорот меѓу двата акционери, компанијата Еурофарм и Општина Битола.