
Чема Родригез е нов селектор на Унгарија
Тренерот на Бенфика Чема Родригез е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Унгарија, Родригез во репрезентацијата на Унгарија беше помошник на Иштван Гуљаш.

Тренерот на Бенфика Чема Родригез е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Унгарија, Родригез во репрезентацијата на Унгарија беше помошник на Иштван Гуљаш.

Црногорската репрезентативка Милена Раичевиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Будуќност од Подгорица.

Бекот Симон Сичко го продолжи договорот со екипата на Киелце до 2027 година.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го потпиша Антонио Николовски. Тој веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Јовиќ и стручниот штаб.

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте кој има 29 години од следната сезона ќе биде нов ракометар на Вардар 1961.

Португалскиот среден бек Вилсон Дејвис е нов ракометар на Еурофарм Пелистер, кој доаѓа од екипата на Иври.