Турнир Охрид: Победи за Бешикташ, Еурофарм Пелистер, Олимпијакос, реми меѓу Татран Прешов и Металопластика

Се одиграа неколку натпревари од 1. коло на турнирот во Охрид, каде победи забележаа екипите на Бешикташ, Еурофарм Пелистер и Олимпијакос, додека имаше реми помеѓу Татран Прешов и Металопластика.

Бобан Ристевски: Задоволство ми е да играм на овој меморијален турнир

Екипата на Охрид натпреварите на меморијалниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид, ги започнува денеска. Противник на „гладијаторите“ е екипата на Олимпијакос, а мечот се игра од 18 часот.

Познат е распоредот на натпревари за турнирот во Охрид

Од 23 до 26 август во организација на ГРК Охрид, а под покровителство на Општина Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски - Усташ“ со меѓународен карактер.

Познати се групите за турнирот “Крсте Андоновски – Усташ” организиран од Охрид

По откажувањето на тимот на Вардар 1961, екипата на Олимпијакос од Грција, ги комплетира сите осум учесници на второто издание на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски - Усташ“, што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид.