Познат е распоредот на натпревари за турнирот во Охрид

Од 23 до 26 август во организација на ГРК Охрид, а под покровителство на Општина Охрид, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски - Усташ“ со меѓународен карактер.

Познати се групите за турнирот “Крсте Андоновски – Усташ” организиран од Охрид

По откажувањето на тимот на Вардар 1961, екипата на Олимпијакос од Грција, ги комплетира сите осум учесници на второто издание на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски - Усташ“, што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид.