Мукаетов заедно со претседателите на федерациите од Словенија и Црна Гора ја презентираа организацијата на ЕП

Претседателите на ракометните федерации на земјите организатори г-дин Живко Мукаетов, г-дин Петар Каписода и г-дин Фрањо Бобињац на ЕХФ Конгресот за Претседатели кој овој викенд се оддржува во Луксембург, ја презентираа организацијата на претстојното ЕХФ Европско сениорско ракометно првенство во женска категорија кое ќе биде организирано во Словенија, Македонија и Црна Гора во месец ноември 2022 година.