Јака Малус е нов ракометар на Вардар

Искусниот словенечки интернационалец Јака Малус (28) во следните две сезони ќе биде играч на Вардар, откако го потпиша договорот со најтрофејниот македонски ракометен колектив. Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ Лигата на шампионите и Лига Европа.