
Прилеп избори опстанок, реми со Куманово
Ракометарите на Прилеп одиграа нерешено на гостувањето кај екипата на Куманово со резултат 28-28, и изборија опстанок во Супер лигата.
Ракометарите на Прилеп одиграа нерешено на гостувањето кај екипата на Куманово со резултат 28-28, и изборија опстанок во Супер лигата.
Екипата на Голден Арт стигна до победа против екипата на Скопје 2020 со резултат 30-24 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Екипата на Алкалоид забележа победа против тимот на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 29-27 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Екипите на Тиквеш и Вардар 1961 одиграа нерешено во Кавадарци со конечни 32-32 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Охрид со резултат 28-25, и е нов шампион на Македонија.
Се комплетираше 13. коло од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Веспрем забележа победа против Порто со 32-30.