
Во дерби натпреварот Мулти Есенс подобар од Голден Арт 2
Екипата на Мулти Есенс славеше во дерби натпреварот со Голден Арт 2 со конечни 27-22 во натпревар од 3. коло од плеј-оф фазата во Првата лига.

Екипата на Мулти Есенс славеше во дерби натпреварот со Голден Арт 2 со конечни 27-22 во натпревар од 3. коло од плеј-оф фазата во Првата лига.

Екипата на Младост Богданци забележа победа на гостувањето кај екипата на Драчево со минимални 29-28.

Ракометарите на Текстилец забележаа убедлива победа против екипата на Борец со високи 50-23 во натпревар од плеј-аутот во Првата лига.

Екипата на Аеродром забележа победа против екипата на Шампион со 31-29 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Екипата на Шампион стигна до победа против екипата на Деспина со конечен резултат 29-25 во натпревар од 3. коло од плеј-аутот во Женската Супер лига.

Ракометарките на Пелистер славеа победа на домашен терен против тимот на Овче Поле Славјански Универзитет со конечни 35-28.