
Еурофарм Пелистер триумфираше, но Вардар 1961 го задржа првото место на табелата
Екипата на Еурофарм Пелистер триумфираше против Вардар 1961 со 29-25, но поради подобра гол разлика тимот од Скопје е лидер на табелата.

Екипата на Еурофарм Пелистер триумфираше против Вардар 1961 со 29-25, но поради подобра гол разлика тимот од Скопје е лидер на табелата.

Составот на Бутел Скопје забележа победа на домашен терен против тимот на Прилеп со резултат 27-21.

Екипата на Охрид забележа победа против Струга во "езерското дерби" со конечен резултат од 30-20.

Екипата на Аеродром го совлада тимот на Куманово со резултат 26-23 во натпревар од Супер лигата.

Екипата на Алкалоид продолжува со победите во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада тимот на Скопје 2020 со 38-25.

Екипата на Тиквеш забележа победа на гостувањето кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечен резултат од 32-27.