Екипата на Чаир забележа победа против екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со конечни 31-21 во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Составот на Чаир во текот на целиот натпревар имаше високо водство, па на крај да слави победа против Овче Поле Славјански Универзитет.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Билјана Дамчевска со осум гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Анастасија Сентовска исто така со осум гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷








