Екипата на Вардар забележа висока и убедлива победа против екипата на Радовиш со конечни 40-26 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Вардар од почетокот на натпреварот го имаше водството, па на крај да слави сигурна победа против Радовиш.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Николас Боно со 11 погодоци, додека кај Радовиш најефикасен беше Здравко Постолов со 8 погодоци.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








