Миха Котар е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

И во следната сезона организацијата на играта на клубот ќе му биде доверена на словенечки среден бек. Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Македонија доаѓа од првакот на Србија, Партизан.

Котар е роден во Требње, поникна во матичниот Тримо Требње, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше дресот на белградски Партизан.

Официјалното претставување на Котар е предвидено во јули на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *