Ракометарите на Аеродром остварија победа против Драчево со конечни 35-28 во плеј-офот во Првата лига.
Аеродром одигра добар и цврст натпревар, на полувреме Аеродром имаше предност од 15-10. Во вториот дел од натпреварот продолжи истото темпо на Аеродром за на крај да оствари победа против Драчево.
Најефикасен во составот на Аеродром беше Иван Митревски со седум погодоци, додека кај екипата на Драчево најефикасен беше Бобан Андоновски со шест погодоци.
(фото-Рк Аеродром)📷