Екипата на Младост Богданци забележа висока победа против екипата на Текстилец со убедливи 36-19 во Првата лига.
Составот на Младост Богданци и на полувреме имаше водство, па така во второто полувреме продолжи со водството и на крај да го совлада Текстилец.
Најефикасни во редовите на Младост Богданци беа Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ со по седум гола, додека кај Текстилец најефикасни беа Милисав Петров и Јован Величков со по четири гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








