Екипата на Ѓорче Петров го освои и стана шампион во Купот на Македонија, откако во финалето славеше против Спартак со конечни 33-30.
Тимот на Спартак се обидуваше да парира до крајот на натпреварот, но сепак Ѓорче Петров прослави победа и се закити со трофеј во Купот на Македонија.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Марија Гугуљанова со осум гола, додека кај Спартак најефикасна беше Сузана Зечевиќ со 12 гола.

(фото – РФМ)📷








