Екипата на Вардар го освои и стана шампион во Купот на Македонија, откако во финалето го совлада Охрид со конечни 24-23.
Иако тимот на Охрид имаше напад за реми во последните секунди, сепак не го искористи, па Вардар оствари победа.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Јака Малус со осум гола, додека кај Охрид најефикасни беа Косуке Јасухира и Дарко Ѓукиќ со по пет гола.

(фото – РФМ)📷








