Аеродром со први бодови во Супер лигата, совладан тимот на Куманово

Екипата на Аеродром, која е дебитант во Супер лигата во новата сезона ги освои првите бодови и ја забележа првата победа.

Тимот на Аеродром оствари победа на гостувањето кај екипата на Куманово со резултат 34-32.

Најефикасни во составот на Аеродром беа Виктор Трифуноски и Наум Костов со по осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасни беа Влатко Тасевски и Јован Даневски со по седум гола.

(фото – Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.