Екипата на Аеродром забележа победа на гостувањето кај екипата на Јехона со конечни 47-36 во натпревар од Првата лига.
Тимот на Аеродром победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 28-17.
Најефикасен во редовите на Аеродром беше Бојан Божиновски со десет гола, додека кај Јехона најефикасен беше Адис Салиу исто така со десет гола.
(фото – Рк Аеродром)📷








