Пикерот Александар Тренчевски од екипата на Прилеп се сели во Финска во екипата на АИФК.
Тој со финскиот тим потпиша договор до крајот на сезоната. Ова за него нема да биде прво искуство на меѓународна сцена, затоа што тој и порано настапуваше во Финска во екипата на Паргас ИФ.
Александар Тренчевски претходно настапуваше за Паргас Иф, Астраион, Зомимак Струмица, Вардар Јуниор и Прилеп.
(фото – Фејсбук/Александар Тренчевски)📷