Ален Ќосевски: Не чека вистинско дерби против Еурофарм Пелистер

Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар против Еурофарм Пелистер на домашен терен во рамки од плеј-офот од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Ален Ќосевски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Еурофарм Пелистер.

“Не чека вистинско дерби, борба за второто место во Супер лигата. Играме на домашен терен и ќе се бориме до крај со цел да покажеме дека сме тим што никогаш не се предава. Очекувам жестока битка. Подготвени сме да го дадеме нашиот максимум”, – изјави ракометарот на Охрид, Ален Ќосевски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *