Екипата на Алкалоид забележа победа против екипата на Мулти Есенс со конечни 39-23 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Алкалоид победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со 21-11.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Дамјан Митев со 11 гола, додека кај Мулти Есенс најефикасен беше Јаков Трајковски со 4 гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷








