Екипата на Алкалоид загуби на домашен терен од тимот на Војводина со резултат 31-26 во натпревар од Лигата на Европа.
Тимот на Војводина беше во водство во текот на целиот натпревар, на пауза замина со предност од 15-13.
Во второто полувреме Алкалоид успеа да парира, но сепак бодовите ги освои екипата на Војводина.
Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Иван Џонов со осум гола, додека кај екипата на Војводина најефикасен беше Вукашин Воркапиќ исто така со осум гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷