Тимот на Алкалоид забележа победа на гостински терен против тимот на Бутел Скопје со резултат 34-27 во 3. коло од Супер лигата.
Екипата на Алкалоид и на полувреме имаше предност од 19-13. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Алкалоид, па на крај да слави победа против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Арно Бинго со седум гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов со шест гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷