Екипата на Алкалоид запиша нови бодови во Супер лигата, откако славеше против Струга со 29-17.
Тимот на Алкалоид од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со предност од 15-9.
Во второто полувреме продолжи добрата игра на Алкалоид, па на крај да се радува на победа против Струга.
Најефикасни во тимот на Алкалоид беа Иван Џонов, Михајло Младеновиќ и Давид Савревски со по четири гола, додека кај Струга најефикасен беше Мерис Бошњак со пет гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷